Донација од “Ледер” за Здравствениот дом во Кр.Паланка

Компанијата “Ледер” од Кочани, денеска ги израдува вработените од ЈЗУ Здравствен дом – “Академик Проф. Д-р Димитар Арсов“ – Крива Паланка.

47688943_222153112013223_8235612730816462848_n

Со заложба на министерот Љупчо Николовски кој потекнува од оваа општина и искрената поддршка од сопственикот на компанијата “Ледер”, Драгослав Здравков, во Здравствениот дом во Крива Паланка пристигнаа 90 столчиња кои ке бидат користени за потребите на болничките одделенија, амбулантите, брзата помош и во ординациите.

48213557_194932058021175_6134280894413799424_n

 

48252702_268867560654002_4495163048880766976_n

48415548_754933508195106_7920993160770093056_n

Предходно, оваа компанија беше вклучена во обезбедувањето помош за настраданите семејства од поплавите во Скопско со шлепер минерална вода за пиење како и неколку стотици столици за граѓаните од ова подрачје. Исто така “Ледер” неодамна донираше столици за вработените во Територијалната Против Пожарна Единица во Кочани како и во Општата болница во Кочани.

Затоа, компанијата “Ледер” може слободно да се вброи во листата на општествено одговорни компании чиј сопственик ја покажува хуманоста на дело.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e