Доделени новогодишни пакетчиња од општина Крива Паланка

Над триста дечиња од трите клона на детската градинка „Детелинка“ од Крива Паланка, корисниците на Дневниот центар од општината, дечиња од ранливи категории денеска добија новогодишни пакетчиња од локалната самоуправа на општина Крива Паланка.

Градоначалникот Борјанчо Мицевски, во придружба на Дедо Мраз ги посети најпрвин најмалите жители на општината, во градинката и им посака среќна Нова година.

– Дарувањето подароци за најмалите и најмили жители на градот е задоволство кое ни ги исполни срцата ова утро. Посакувам секој миг од нивните животи да биде исполнет со убавини и радост, здравје и добра мисла, со просперитет и исполнети соништа и желби, рече Мицевски.

Пакетчиња традиционално беа доделени и на корисниците од Дневениот центар за лица со попреченост, на дечињата од Ромска националност кои членуваат во згрижувачкиот објект за дневен престој изграден со германска донација, а попладне пакетчиња ќе им бидат доделени и на децата од социјално ранливи групи, приматели на социјална парична и друг вид помош.

2

3

5

6

7

8

9

26025714_941629222653755_2930343509037186_o

26063413_941630292653648_2511353255256927997_o

26063698_941630662653611_2641361444555976858_o

26170784_941629562653721_8521619253811042243_o

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e