Дезинфекција на улици и граничниот премин Деве Баир кај Крива Паланка

Дополнителна дезинфекција на јавните површини во Крива Паланка вршат службите на јавното претпријатие „Комуналец“, согласно оперативниот план на општинскиот кризен штаб за активности за превенција од ширење на Ковид-19.

– Оперативниот план е ажуриран од страна на надлежните служби во општината и Јавното претпријатие „Комуналец“. Денес се врши дезинфекција на улиците, на главната улица од влезот до излезот на општината и останати реони, а редовно се вршат активности за дезинфекција на јавни површини во болничкиот круг на Здравствен Дом – Крива Паланка, Граничен премин „Деве Баир“, како и дезинфекција на колективни станбени згради на територијата на Општина Крива Паланка, информираат од Општинскиот кризен штаб.

Оттаму псоочија дека граѓаните е важно да ги почитуваат препораките од Владата и надлежните, а за сите потреби издадени се одобренија на деловни субјекти за продажба и дистрибуција на продукти во време на полицискиот час.

– Од страна на општинскиот кризен штаб беа одобрени вкупно девет барања: седум на деловни субјекти од доменот на трговија и услуги и угостителски дејности, кои се однесуваат на организација и реализација на онлајн продажба и дистрибуција на продукти, едно одобрение на такси компанија кое ќе дистрибуира продукти во соработка со деловните субјекти кои имаат потреба од таква соработка и едно барање од ОО на Црвен Крст Крива Паланка, кое се однесува на мобилните тимови од волонтери на Црвен Крст за дистрибуција на хуманитарни пакети за домаќинства и граѓани во социјален ризик за времетраењето на забраната за движење, доколку постои потреба од такво нешто, додаваат од општинскиот кризен штаб на Крива Паланка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e