Деветти ден отсечени 200 жители на село Герман, Ранковце

Oколу двесте  жители на селото Герман, општина Ранковце се деветти ден отсечени од сообраќајна комуникација со општината  поради обилните снежни врнежи кои ја зафатија државата, а овој реон создадоа снежна покривка околу осумдесет сантиметри, информираат од Подрачната единица на Дирекцијата за заштита и спасување, Крива Паланка.
-Селото Герман  деветти ден е отсечено, а направени биле неколку обиди да се расчисти патот, кој е регионален, рече Митко Ангеловски, раководител на ПЕ на дирекцијата за заштита и спасување, Крива Паланка.
Селото Герман со општината го поврзува регионален пат кој тргнувајќи од општината Ранковце поврзува четири села.
-Регионалниот патен правец кон село Герман ја поврзува општина Ранковце со селата : Радибуш, Отошница, минува и низ Станче и П’клиште, а надлежноста за негово расчистување е на јавно претпријатие Државни патишта. Во текот на изминатите неколку денови имаше обиди да се расчисти и жителите направиле обиди да помогнат, но сеуште се отсечени. Постојано добиваме повици од населението и јас како прв човек на општината барам помош од надлежните служби, од сите инстанци, да направат напори да го оспособат патот за сообраќање. Моите повици до ЈП Државни патишта, до ЦУК, до сите служби, сеуште немаат резултат, мора да им помогнеме на жителите,  рече градоначалникот на Ранковце, Ивица Тошевски.
Снежната покривка во Ранковце во реонот на низината е околу триесетина сантиметри додека во планинскиет места е и над осумдесет сантиметри.
Екипи на Јавното претпријатие државни патишта расчистиле дел од патот, до маала Орашац, кај  П’клиште.
-Службата задолжена за зимско одржување во општината ги расчисти комплетно патните правци кон радибуш, Отошница и село Опила, а работи на расичстување во Псача, Одрено и останатите асфалтирани патни правци, додаде Тошевски.
Уште две села кои се малку населени се без пристап, тоа се селата Баратлија и Криви Камен,каде станува збор за неасфалтирани патишта, но жителите се подготвени за ваква кризна состојба бидејќи секоја зима се справуваат со ваква непогода, па навреме се снабдуваат со намирници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e