Девет нови случаи на заразени со Ковид-19 во Крива Паланка во изминатото деноноќие, информираше Министерството за здравство.
Во моментот во Крива Паланка има активни 27 случаи на заразени, додека 45 се оздравени, од почетокот на пандемијата.
Кризниот штаб и натаму препорачува доследно и одговорно почитување на обврската за носење заштитни маски и заштитни ракавици и на отворен и во затворен простор, при посета на деловни субјекти, државни или локални институции.
Достава на храна, медикаменти и останати неопходни средства за старите и изнемоштени лица, лица во изолација, болни, лица со посебни потреби и останати социјално загрозени категории врши Црвен крст, а граѓаните можат да се јават на телефонскиот број 078 30 30 60.