Во клон кој засега не се открива на детската градинка „Детска радост“, кај едно дете бил потврден позитивен случај на коронавирус, пренесува локалниот струмички Канал Вис.
Според овие информации, моментално се во тек консултациите со епидемиолошката служба за понатамошно постапување во градинката, но и за тоа колку деца ќе треба да бидат во изолација.
Неофицијално, детето го добило вирусот од член на семејството.