Денеска завршија 50. Детски Рацинови средби

Денеска, со промоција на книгата за деца „Марта“ од Горјан Петревски за која зборуваше Васил Тоциновски во Велес заврши програмата на 50-тите јубилејни Детски Рацинови средби, посветени на најпознатиот македонски поет Коста Солев Рацин.

– Ние преку учеството на манифестацијата и преку распишаниот литературен и ликовен конурс ги потикнуваме најмладите и самите да творат, воедно и уште повеќе да се заинтересираат и ја запознаат поезијата на Коста Солев Рацин и останатите поети, со што ја продолжуваме традицијата на оваа една од најдолгите поетски манифестации за деца во земјава, изјави претседателот на организацискиот одбор на Детските Рацинови средби, Лила Арсова.

Таа воедно се заблагодари на општина Велес и градоначалникот Аце Коцевски кои имаа слух да ги подржат вистинските вредности да ја финансираат оваа значајна манифестација за деца и млади.

На манифестацијата и годинава учествуваа стотина основци и средношколци и нивните ментори од цела Макадонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e