Од обработени 100% од резултатите во Крива Паланка, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Арсенчо Алексовски загуби со 2525 гласови разлика.
Борјанчо Мицевски ја доби поддршката од 7467 граѓани а за Алексовски гласаа 4942 граѓани.
Во последните петнаесетина и повеќе години, во Крива Паланка не се случило разликата помеѓу двата кандидати за локални избори да биде толку голема.
Разликата помеѓу бројот на освоени гласови на советничките листи изнесува 2469. За СДСМ и коалицијата гласале 7293 граѓани а листата на ВМРО-ДПМНЕ освои 4824 гласови. Левица е со само 1,7% поддршка или 219 освоени гласови.
Ова е историски пораз на ВМРО-ДПМНЕ во оваа општина.