Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, денеска одржува протестен митинг пред владата.
Но ако денот по утрото се познава, овој митинг ке биде еден од најслабите по посетеност што оваа партија ги организирала некогаш.
Како за пример, од Крива Паланка иако Општинскиот Комитет организира бесплатен автобуски превоз, во четирите автобуси, влегоа едвај 60-тина партиски поддржувачи или по петнаесетина во автобус.
Организаторите, свесни за малиот број, пред да тргнат автобусите ги покрија сите прозорци со завесите за да не се гледаат празните седишта.
За споредба, само до пред една година, кога оваа партија беше власт, од истата општина беа носени и до десет пати повеќе луѓе, пред се вработени во администрацијата, кои беа приморани и уценувани со разни методи.
Но сега е сменета состојбата, ВМРО-ДПМНЕ е во тешка опозиција а граѓаните живеат во слобода, без страв и уцени.