Со назначување на новиот командир во ПС Кр.Паланка безбедноста и сигурноста на граѓаните драстично се зголеми. Видна е неселективната работа на полицијата, преку зголемени превентивни контроли во сообраќајот и угостителските објекти како и откривање и расветлување на повеке дела кои со години стоеа во фиока.
Ваквата работа на полицијата наиде на одобрување кај граѓаните и заедницата.
Меѓутоа, ефикасното работење на полицијата, директно ги потисна локалните шерифи и криминални групи низ градот, заради што и ноќеска од страна на тие групи беше демолиран и автомобилот на првиот човек на полицијата.
Од наши извори од МВР сме известени дека ваквиот обид на поединци и групи нема ни најмалку да застане на патот во борбата со криминалот, напротив, чесните и професионални полицајци несебично ќе ги пронајдат поединците и криминалните групи и ке ги изведат пред лицето на правдата.
Законот мора и ќе важи за сите подеднакво, категорични се од министерството за внатрешни работи.