Целосно пробиена трасата на експресниот пат Ранковце – Крива Паланка

23 км долгата траса на експресниот пат Ранковце – Крива Паланка е целосно пробиена, машините се на терен, а градежните активности се одвиваат согласно предвидената динамика на градба.

3Со изградбата на овој експреден пар, двете општини, Крива Паланка и Ранковце ќе се поврзат со нов, модерен и функционален експресен пат кој преку клучка ќе биде поврзан со регионалниот пат Крива Паланка – Деве Баир.

2Станува збор за еден од четирите експресни патни правци кои се градат во земјава, а е планирано истиот да биде завршен до 2021 година.

7Експресниот пат Ранковце-Крива Паланка се гради со финансиски средства во износ од 58 милиони евра од Светска Банка.

1

6

5

Паралелно на експресниот пат се прави и реконструкција на постоечкиот пат Ранковце – Крива Паланка како и реконструкција и изградба на трета лента на патот Крива Паланка – граничен премин Деве Баир.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e