Царовска од Кр.Паланка: Сите одлуки ќе ги носиме заедно, подеднакво силни и гласни, како што доликува на секоја прогресивна и демократска земја

Потпретседателката на СДСМ Мила Царовска и Санела Шкријељ, членка на Комисијста за труд и социјална политика на СДСМ вечерва разговараа со жените во Крива Паланка за сите актуелни политики за унапредување на правата на жените и родовата еднаквост.

На средбата организирана од форумот на жени на СДСМ во Крива Паланка беше истакнато дека претходниот закон за абортус донесен од ВМРО-ДПМНЕ целосно ја погазуваше волјата на жената и дека со новиот закон донесен од Владата предводена од СДСМ жената самостојно одлучува што ќе прави со своето тело без при тоа да се става во потчинета состојба.

 Потпретседателката на СДСМ Царовска истакна дека партијата силно работи на унапредување на родовата еднаквост и поголема застапеноста на жените во политиката.
 “На кандидатските листи за прв пат настапуваме со ист број на жени и мажи. Бидејќи педесет со педесет е соодоносот што треба да го отсликува нашето општество. Сите одлуки ќе ги носиме заедно, подеднакво силни и гласни, еднакво застапени, како што доликува на секоја  прогресивна и демократска земја. За ова се боревме и во оваа насока продолжуваме”, рече Царовска, која ги повика жените да се кандидираат за пратенички.
85125728_3147283161970058_2206428698293305344_n

На трибината пак претседателката на комисијата за труд и социјална политика на СДСМ Санела Шкријел, пред присутните зборуваше за мерките кои владата предводена од СДСМ ги направила со цел подобрување на статусот на жените во општеството.

84846831_606121263267252_2091657800525545472_n

-Жените мора да се подеднакво застапени во сите општествени процеси. Со новиот закон за абортус жената самостојно одлучува што ќе прави со своето тело без при тоа да се става во потчинета состојба. Растат платите, а минималната плата во гранките во коишто работат претежно жени за две и пол години е зголемена за 60% и изнесува 14.500 денари, кажа од трибината Шкријел.

84846197_606121203267258_7135413345632387072_n

На трибината се обрати и координаторот на Форумот на жени при ОО СДСМ Крива Паланка Маја Костадиновска која истакна дека родовата еднаквост и еднаквата застапеност на жените во политиката е нивен приоритет.

– Нашата парола е заедно да одиме кон нови победи, со креирање на нови политики со кои ќе ја движиме државата напред. Родовата еднаквост и еднаквата застапеност на жените во политиката беа и остануваат наш приоритет. Тоа го гледаме и денеска каде што на кандидатските листи на претстојните избори настапуваме со ист број на мажи и жени. Сакам да да ви порачам дека треба сите ние, жените, треба да се обединиме во напорите да донесеме благосостојба за сите граѓани. Силно верувам дека ние социјалдемократките имаме доволно желба, искуство и знаење сето тоа да го потврдиме на 12 април, порача од трибината Костадиновска.

86371081_204701920929440_9047891355451260928_n

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e