Цако се вработи, стана дел од тимот на Град Скопје

Александар Матовски попознат на јавноста како Цако е дипломиран професор по преучилишно воспитание , водител е и автор на радио емисијата „ЈАС СУМ ЦАКО”, пишува поезија и има објавено свои стихозбирки.

Тој беше и дел од танчерите на Dancers United кои го освоија првото место на Светското првенство во Полска во пара денс групи.

Цако е роден на денешен ден, со Даунов синдром, но ништо досега не го попречи да го живее својот сон. За него нема пречки , има само желби кои се стреми секојдневно да ги оствари, за себе, но и за сите родени со одредени попречености.

Денес Цако стана дел од тимот на Град Скопје, во одделението за социјала, детска и здравствена заштита, и од првиот ден на своето работно место дојде подготвен, со план како да се подобри социјалната инклузија на лицата со попречености.

„Јас сум Александар Матовски Цако, денес ми е роденден, ова е мојот среќен ден, денес се вработив. Се надевам дека ќе дадам искуство, јас и имам искуство, сум бил во холандија, турција, во повеќе европски земји, зборував и во обединетите нации. Сметам дека треба да се придонесе за децата, за нивната заштита и развој, особено за лицата со посебни потреби. И во тое поле имам прилично искуство, бев и во трисомија 21, сега сум во повеќе здруженија на ова поле, така што имам искуство.“ – изјави цако на неговиот прв работен ден.

Цако е пресреќен што има свое работно место, тој сака да помага, и желба му е сите лица со попречености да добијат своја можност да се докажат, тој е среќен што ја има поддршкта од своето семејство и од пријателите, вели дека никој не треба да се срами од она што е, туку гордо да се бори за своите права.

„Апел до сите родители, да не се срамат, да ги подржуваат децата, иако грешат, нека грешат, на грешките се учи.“ – вели Цако.

Од Град Скопје апелираат до сите институиции да ги отворат вратите за лицата со попречениости, да им бидат дадени подеднакво шанси на сите, и без дискриминација сите да ги истакнат своите вредности и да допринсат за подобро општество за сите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e