Со донација од компанијата DM дрогерии, во болницата во Куманово пристигнаа новите инхалатори на одделението за уво, нос и грло. Добиени се и УВ ламби, прегледна лампа и топломери.
Од болницата упатија благодарност до DM дрогерии!
“Секоја помош е добредојдена, за доброто на нашите пациенти”, напиша на Фејсбук, директорката на болницата, Снежана Захариева.