Богдановиќ: Сите споменици кои се незаконски поставени ќе бидат отстранети

Градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ денеска најави дека ќе биде формирана комисија која ќе го опфати целокупното работење на проектот „Скопје 2014“.

– Тоа ќе започне од начинот на поставување на спомениците, кој дава дозволи. За едни спомен-обележја е надлежна општината, за едни Град Скопје, а за други Собранието на Република Македонија. За поголемите имаме сомневања дека не се направени согласно одредени одлуки, така да се што е незаконски поставено ќе биде отстрането од наша страна – рече Богдановиќ, одговарајќи на новинарско прашање во Општина Центар која денес одбележува 41 година од основањето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e