Богдановиќ: По локалните избори, Центар продолжува напред како општина за сите

Прес конференција,
Саша Богдановиќ, претседател на ОО СДСМ Центар
Скопје, 14.09.2017
Почитувани новинари, почитувани сограѓани,

Општина Центар во изминатите четири години покажа дека може да се работи одговорно, домаќински, отчетно и во интерес на граѓаните, наместо криминално, расипнички и во интерес на Никола Груевски, како што владееше ВМРО-ДПМНЕ на централно ниво.

Општина Центар е пример за отворена општина, за општина што работи заедно со граѓаните и општина што и покрај постојаните опструкции од централната власт направи многу не само за граѓаните во општината, туку и за унапредување на целокупниот изглед на град Скопје.

Јас како кандидат на СДСМ и коалицијата заедно со советничката група по локалните избори, ќе продолжи чесниот одговорен и отчетен пристап на работа. Новата локалната власт предводена од СДСМ ќе биде достапна, услужна и отворена.

Со нови начини на организирање на работата, достапност за граѓаните и навремени реакции, ќе наоѓаме трајни решенија за угледен и урбан Центар, Центар со повеќе зеленило и со чист воздух, повеќе спортски игралишта и велосипедски патеки, повеќе паркови и прифатилишта за животните, како и помош за социјално најзагрозените семејства во општината.

СДСМ, преку Владата и парламентарното што ги предводи докажа дека наместо за лични и партиски интереси, може и мора да се работи за доброто на граѓаните. По победата на локално ниво, тоа ќе го докажат и градоначалниците и советниците од СДСМ и тука во Центар и во Скопје и во сите општини низ Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e