Денешното чествување на Денот на ослободување на Скопје, градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, го започна со дружење со повозрасните жители на општината.
Тој присуствуваше на шаховскиот турнир на пензионерите од општините Центар и Кочани.“Долгогодишната соработка која што ја имаме со општината се надевам дека ќе ја продолжиме. Сега имаме 9 клуба на пензиониерите и неопходно е отворање на уште еден, за што добивме ветување од градоначалникот“, рече претседателот на Здружението на пензионерите на општина Центар, Павле Спасев.
Соработката ќе ја продлабочиме и ќе најдеме други начини за поубав живот на пензионерите и на сите жители, вети градоначалникот Богдановиќ.
“Вие сте го дале својот придонес во ослободувањето и во животот во Скопје. Овој празник треба да не потсетува што значи да се избориш за слобода. Нам ни останува да се бориме за подобро утре“, рече Богдановиќ.