Центар е првата општина која веќе оформи социо-културен центар преку јавно-цивилно партнерство со асоцијацијата „Јадро“. Ја сочинуваат 52 членки од цела Македонија – независни културни работници, уметници, поединци, тетатарски групи итн.
Центарот „Јадро“ што ќе се отвори во општински простории во Дебар Маало на граѓаните ќе им нуди разни содржини, програми, театар, изложби, читања итн. Ова ќе биде прв објект од културата во Дебар Маало, но не и последен во Општина Центар, затоа што мојата заложба е дека имаме доволно згради, а немаме доволно содржини што ќе го збогатуваат секојдневието на луѓето во тие згради.
Фејсбук статус на Саша Богдановиќ, кандидат за градоначалник на Општина Центар