Богат кошаркарски викенд за КК Крива Паланка

Екипата која ги брани боите на Кошаркарски клуб “Крива Паланка” во Првата кошаркарска лига при Кошаркарска федерација на Македонија викендов оствари важна и атрактивна победа на мечот против “Баскет-кам” од Македонска Каменица.
Натпреварот го проследија и градоначалникот на општина Крива Паланка Борјанчо Мицевски и градоначалничката на Македонска Каменица Соња Стаменковска,кои ги бодреа девојките заедно со публиката од околу петстотини гледачи која беше шести играч на натпреварот.
Станува збор за натпревар кој беше одлучен по продолжение од пет минути, откако заврши нерешено во 40-те минути игра.
Освен овој натпревар, клубот од Крива Паланка го заокружи успешниот викенд со три победи во лига натпреварите одиграни во двата дена од викендот.
-Оваа сезона акцентот е на женската кошарка, во МКФ лигите имаме три женски тимови, Прва лига , за прв пат во историјата на клубот и градот и екипи во младинските категории до 14 и 16 години. Во сабота на првенствениот турнир М-14, кој се одигра во Струмица, остваривме трета победа во низа во првенството, овојпат против “Патриот “, Делчево, со 65:14.Оваа генерација девојки допрва ќе го има својот збор, но работата и енергијата вложени во нивното усовршување во годините наназад,  носат резултати.Победа оствари и кадетската машка екипа која настапува во Вардар лигата, на вчерашниот меч беше подобра од “Дрим тим-Вардар”. Она што го заокружи плодниот кошаркарски викенд е победата на женскиот прволигашки состав синоќа,против силниот тим на “Баскет-кам” од М.Каменица, изјави тренерот и претседател на КК Крива Паланка, Ведран Белешковски.
Натпреварот од првата лига беше возбудлив и неизвесен од првата до последната секунда, со тесен резултат, а заврши нерешено во регуларниот дел од времето.
-Девојките беа цело време на висина на задачата, соочувајќи се со квалитетниот противник ,со по искусни и по возрасни играчи, буквално го оставија срцето на теренот.По ремито по првите четири периоди и резултат 60:60, девојките прикажаа ревност и желбата за победа очигледно резултираше со ефективна завршница на дуелот, победа од 78 -65, која не направи горди и нас, стручниот штаб, како и родителите и публиката , додаде Белешковски.
IMG_20181210_112419_538
Градоначалникот Мицевски им ја честиташе победата, одвојувајќи време за кратко дружење со девојчињата кои допрва ќе ја испишувааат кошаркарската историја на градот и државата.
Три од девојките од овој состав се репрезентативки на Македонија, дел од репрезентацијата до 14 години и дел од ФИБА проектот за развој на млади кошаркарки и кошаркари “Заедно до М-16” и веќе од понеделник настапуваат на силниот меѓународен турнир во Романија.
Првенството во МКФ продолжува следниот викенд,со М-16 средба на домашен терен против “Патриот”, Делчево, а втора лига мажи е домаќин на КК “Борец баскет”, Велес, а Прва лига жени гостува кај “Бадел 1862”, Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e