Бочварски: Општина Штип е пример за успешна општина во државата

Денеска на дневен ред во Советот на Општината беше завршниот извештај на Буџетот на Општина Штип. Со задоволство можам да истакнам дека во 2019 година имавме рекордна реализација на основниот буџет во висина од 321 милиони денари и на вкупниот буџет во висина од речиси 800 милиони денари, напиша на својот Фејсбук профил Благој Бочварски, градоначалникот на Општина Штип.

„Општина Штип е пример за успешна Општина во државата.

Покажавме како за само две години можеме да направиме целосен пресврт

1. Изградивме нова детска градинка после цели 30 години во вредност од 1 милион евра!
2. Ја допроектиравме, дофинансиравме обиколницата, го изградивме мостот кој не беше ниту започнат и го изградивме кружниот тек, сето ова во вредност од 60 милиони денари!
3. Започнувањето со изградба на првиот покриен базен во Штип!
4. Изградивме водовод во населба Балканска!
5. Изградивме нова паркинг платформа и наскоро ќе ја започнеме и втората платформа на река Отиња!
6. Ја намаливме цената на водата за пиење за 10 проценти!
7. Обезбедивме 5 милиони евра за реконструкција на нашата филтерстаница и решавање на водоснабдувањето на градот за наредните години и децении!
8. Го привршуваме новото шеталиште во коритото на река Отиња кај Ново Село, тротоарите на улица Енгелсова и тротоарот во стара чаршија на ул. Кирил и Методиј со што комплетиравме над 15 илјади метри квадратни тротоари и повтршини за пешаци.
9. Инвестиравме над 600 илјади евра во училиштата. Завршивме со реконструкција на три спортски сали, балон за фудбал прв од ваков тип во градот, реконструирани тоалети и училници, ново греење, електронски табли, подови, прозори, партерни уредувања!
Ова се само дел од нашите проекти!
Продолжуваме понатаму“, истакна Бочварски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e