Битолчанец управувајќи со работна машина удрил во бетонски ѕид, повреден малолетен сопатник

На 03.09.2020 во 15.40 часот било пријавено дека на ул.„Панде Илковски“ во Битола, Е.К.(19) од Битола управувајќи работна машина „аран“удрил во бетонски ѕид и ограда од куќа. Притоа, со тешки телесни повреди се здобил 16 годишник од Битола, кој бил сопатник во работната машина, констатирани во Клиничката болница Битола.

Од МВР денеска информираа дека бил извршен увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Битола.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e