Билјана Проеска, поранешната директорка на крушевската гимназија демантира дека го оштетила училиштето

На 18.03.2020 година, Ипортал објави вест дека поранешната директорка на крушевската гимназија Наум Наумовски – Борче, Билјана Проеска , го оштетила буџетот на училиштето и дека заради таа причина била разрешена од страна на поранешниот градоначалник Ѓорги Дамчевски. Тврдењето на Ипортал беше врз основа на ревизија која ја направил Државниот завод за ревизија кое поранешната директорка го  негира и вели дека никогаш Државниот завод за ревизија не направил никаква ревизија во училиштето.

-Никогаш Државниот завод за ревизија не вршел ревизија во училиштето за време на мојот мандат додека сум била директорка на училиштето, и дека се утврдиле низа нерегуларности преку спроведена ревизија во училиштето и ниту сум разрешена од позицијата директор од поранешниот Градоначалник на општина Крушево поради низа нерегуларности  утврдени преку ревизијата, туку заради завршување односно истечен мандат, вели Проеска.

Во текстот се наведува и дека таа како директорка набавила тепих во нерегуларна законска процедура што Проеска исто така го демантира како невистина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e