Бакрачески објави зошто не се кандидирал на изборите

Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, на својот Фејсбук профил се огласи со објаснување зошто не се кандидира за уште еден мандат. Во охридсиот регион се зборува дека ситуацијата во општинкисот комитет на партијата не стои баш најдобро, а и Бакрачевски не ни добил поддршка од Груевски.

Бакрачевски  пак на неговиот Фејсбук напиша дека причината била неговото семејство.

Фејсбук статусот ви го пренесуваме во продолжение:

И така доаѓаат моменти во нашиот живот кога стигнуваме пред крстопат. А најважните крстопати обично немаат патокази. И тогаш се соочуваме со безброј прашања:

Што ако погрешиш? Што ако сè што си верувал било помалку вредно од тоа што ти си очекувал? Што ако ја пропуштиш можноста, бидејќи не си ја знаел твојата вистинска вредност? Што ако застанеш на нешто познато и сигурно, но Бог се обидувал да ти даде нешто подобро? Што ако одлучиш да не одиш назад, туку продолжуваш напред? Што ако одлуката да го правиш она што никогаш не си го направил порано е одговор на сето она што нема смисла? Што ако одговорот не треба да се бара со зборови, туку во акција? Што ако си собрал храброст да го направиш она што навистина сакаш да го направиш а тоа го смени целиот твој живот? Зошто ги напуштаме моќта, бенефициите и привилегиите тогаш кога сме најсилни?! Зошто напуштаме повеќе за да добиеме помалку?! И дали помалку некогаш значи повеќе?! И уште стотици други прашања и стотици други одговори во различни и спротивставени насоки.

Но јас знам зошто одлучив вака денес. Овој пат решив одговорот да го дадат моите најмили- децата. Тие се мојата примарна причина и неисцрпна инспирација да го изберам овој пат. Знам дека овој пат тие беа помудри од мене. Во овој момент од мојот живот решив повеќе да се посветам на нив и на мојата примарна професија. Но и на мојата храбра мајка , на поширокото семејство и другарите кои секогаш беа тука да ме бодрат кога ми беше најтешко, да ми даваат ветар во грб кога требаше да се издржи и успее, кои имаа разбирање за моите ангажмани и отсуства сите овие четири и пол години, кои беа трпеливи и тогаш кога ненамерно им грешев.

Да, има и многу работи за кои жалам што овој момент нема да продолжам. Многу, многу, многу. Охрид е секогаш силна и исконска инспирација да се работи за негово добро. Го дадов, сеуште го давам и во иднина ќе го давам најдоброто од мене за најдоброто на градот.

А за моите вредни и лојални соработници, за граѓаните кои беа секогаш со мене и живееја со успесите и предизвиците кои заедно ги решаваме, за оние кои очекуваа и сакаа денес да биде поинаку, ќе се изјаснам онака како што доликува – на крајот од мандатот со завршување на изборот на нов градоначалник. Но она што денес можам да го кажам за нив е дека останувам секогаш достапен за нив, посветен на нив, и со нив, без разлика каде и да работам и дејствувам, на која и позиција утре да продолжам. Секогаш ќе го давам најдоброто за нив и ќе се борам за нив.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e