Прегазен 57-годишен велосипедист – не минувал на пешачки!

Вчеравечерна булеварот Видое Смилевски Бато во населбата Ново Лисиче е прегазен 57-годишен маж со велосипед.

Прегазениот велосипедист не поминувал на пешачки премин. Ова станува јасно од деталите на ОЈО по направениот увид на местото на несреќата.

Во пешкот удрило возило Шкода октавиа со германски регистарски таблички, управувано со полномошно од македонска државјанка, а удирот бил фатален. 

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, заедно со увидни екипи на Министерството за внатрешни работи и претставници на Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија, вечерва изврши увид на булеварот „Видое Смилевски – Бато“ во скопската населба Ново Лисиче, каде во сообраќајна несреќа еден пешак го загуби животот.

Телото е предадено на обдукција а ОЈО ќе испитува дали возачот на автомобилот возел под дејство на алкохол. Од МВР се бараат и снимките за да се види како точно се случила несреќата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e