Во Ресен вчера во 13:30 полициски службеници од Полициска станица Ресен го лишиле од слобода У.Р(49) од Ресен бидејќи во 13,10 часот на ул.„Мите Трајчевски“ во Ресен. Пријавениот му упатувал закани по живот и со метална шипка физички нападнал полициски службеник кој за да го одбие нападот од службено оружје испукал еден куршум во воздух.
За настанот е известен Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.