Интензивна инфраструктура, подобра општина ,реорганизација и модернизација на ЈП Комуналец, се само дел од мерките во обемната програма За Живот на кандидатот за градоначалник Борјанчо Мицевски а кои тој, заедно со кандидатите за советници во општинскиот совет ги презентира пред жителите на населбата Баглак.
-„ ЈП Комуналец ја изгуби својата намена зошто е формирано и долг период не е на висина на своите задачи. Затоа имаме во план ,кога ќе ја добиеме локалната власт да извршиме негова комплетна реорганизација и модернизација .Тоа ќе биде долг процес, со разни промоции, како на пример, субвенционирање во делот на сметките за вода и смет, ќе се направат инвестиции во соодветни корпи за отпадоци , а ќе инвестираме и во подобрување на селските водоводни мрежи и превземање на маалските водоводи заради одржување, ќе ја реновираме и зградата на метеоролошката станица, рече Мицевски пред жителите на населбата.
– Оваа зграда која стои како од хорор филм, ве известувам дека ќе почне да се реновира веднаш после изборите, затоа што заслужува да биде уредена како простор, за мерна станица која ни дава одредени информации од хидрометеоролошки карактер и не заслужува да биде во ваква состојба, но за жал никој досега не се сетил да го направи тоа, рече Мицевски.
Кандидатот за градоначалник Мицевски,наброја и многу други проекти за жителите од оваа урбана заедница меѓу кои, изградба на пат кој ќе ги поврзува улиците Македонска и Херој Карпош, асфалтирање на улицата Баглачка, изградба на модерно детско игралиште со повеќе содржини близу Метеоролошката станица, поплочување на тротоарите кон населбата Баглак, решавање на проблемот со атмосферските води и бројни други проекти.
– „ Општината е слуга на народот треба да бидат отворени и правични за сите без селективен пристап и сите проблеми треба да се решаваат, зашто сите ние плаќаме даноци со наши пари и правично треба да се решаваат сите проблеми во секое маало,во секоја населба и село,рече носителот на советничката листа Изабела Павловска. Во своето обраќање пред присутните Павловска посочи дека деновиве нивните политички опоненти оделе по домовите на кривопаланчани велејќи им, луѓе мораме да помогнеме да си ја спасиме државата, затоа таа заедно со својот тим ги запрашаа:
-„ Од кого тоа, да ја спасат тие државата, се што кажуваат е лага, и ние сме Македонци, како и тие и ние ја сакаме државата. Ширењето лаги и невистини е подмолен и лош начин да се спротивставиш на неистомислениците. Ние имаме една држава а тоа е Македонија и секогаш ќе бидеме горди што сме Македонци, категорична беше Павловска.
Кандидатот Борјанчо Мицевски предходно беше и со граѓаните од неговата населба Трештен дол, каде се обрати пред присутните и порача дека неговиот тим има план како од Крива Паланка да направи урбано и пријатно место за живеење.