Триста и педесет новогодишни пакетчиња беа доделени во детската градинка „Весели Цветови“ во Делчево. Градоначалникот на општината Горан Трајковски информира дека оваа активност е дел од одбележувањето на новогодишните празнувања во Делчево.
– Воден од идејата, сите дечиња во Делчево да ја почувствуваат оваа новогодишна магија, доделуваме новогодишни пакетчиња на дечињата од Делчево, а оваа новогодишна мисија ја започнуваме од детската градинка „Весели цветови“, каде ќе доделиме пакетчиња за сите дечиња, додека утре ќе ги посетиме двете основни училишта и Дневниот центар за лица со посебни потреби. Општина Делчево во партнерство со бизнис-секторот оваа година обезбеди околу 1000 новогодишни пакетчиња, рече Трајковски.
Делчевскиот градоначалник се заблагодари на сите претставници од бизнис- заедницата кои учествуваа во новогодишната приказна, за разубавување на празниците на сите дечиња во Делчево, рече Трајковски.
Директорката на детската градинка Билјана Симовска ги покани родителите од Делчево да присуствуваат на вечерашната новогодишната приредба насловена како „Новогодишна бајка“. Приредбата е подготвена од дечињата од детската градинка, а истата ќе се одржи денеска со почеток во 17 часот во ООУ „Ванчо Прке“.