3000 евра казна за стружанец кој не го почитувал полицискиот час

Основното јавно обвинителство Струга поднесе Предлог за издавање казнен налог за едно лице обвинето за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, информираат од ОЈО Струга.

-Обвинетиот за време на полицискиот час бил затекнат од полициски службеници додека се движел пеш во близина на с.Франгово, струшко на 12 април, со што постапил спротивно на Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија, соопштија од обвинителство.

Надлежен јавен обвинител предложи на обвинетиот да му биде изречена парична казна од 100 дневни глоби, а вредноста на една дневна глоба да биде одредена на 30 евра во денарска противвредност.​

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e