Министерството за внатрешни работи информира за инцидент при семејно насилство во Росоман.
Според полицијата, во текот на вчерашниот ден, полицајци од ОВР Kавадарци ја лишиле од слобода И.М.(27) од Росоман.
-Таа по претходна вербална расправија со остар предмет нанела повреда на нејзиниот 32-годишен сопруг. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок, соопшти МВР.