25-годишно момче загина на обиколница кај Скопје

На 23.12.2020 во 21.00 часот на автопатот Скопје – Тетово, на обиколница на град Скопје, после клучка Мирковци, Д.З.(25) од Скопје, управувајќи мотоцикл „априлија“, со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот.

По незгодата Д.З. бил пренесен во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“, каде им подлегнал на повредите.

Извршен е увид на местото на незгодата, а по наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e