24-момче тешко повредено откако излетало со мотоцикл

Во текот на вчерашниот ден во 11.50 часот на патот с. Големо Радобил – Прилеп, Д.Д.(24) од село Големо Радобил, управувајќи мотоцикл „Хонда“ без регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот.

Притоа се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Прилеп.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e