20 годишна жена и 45 годишен маж од Гостивар пронајдени мртви во Вардар

Трагедија во Гостивар. Денешниот ден ја донесе тажната вест 20 годишна жена и 45 годишен маж од Гостивар беа пронајдени мртви во водите на реката Вардар.

20 годишната жена вчера вечер околу полноќ кај малиот метален мост кај градскиот пазар кај Гостивар паднала во водите на реката. Според очевидци од местото за полицијата објасниле дека по неа скокнал и 45 годишниот маж.

Безживотното тело на девојката било најдено кај селото Старо Чајле, околу четири часот по полноќ покрај брегот на реката Вардар. На местото пристигнала брза помош каде само ја потврдиле смртта кај жената.

Потрагата во раните утрински саати продолжила по 45 годишниот маж чие тело денеска околу пладне бил најдено помеѓу местата Форино и Чегране во водите на Вардар.

Засега не се познати околностите кои довеле до трагичниот настан. Надлежните истражуваат дали помеѓу мажот и жената имало поврзаност и која била причината за трагедијата. Двете тела се дадени на обдукција.
Извор: Канал 5

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e