Синоќа по полноќ било пријавено дека на булеварот Србија во Скопје патничко возило „мерцедес 124“, со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Л.(23) од Скопје, излетало од коловозот.
Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобила сопатничката М.Л.(20) од Скопје, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото на сообраќајката бил извршен од увидна екипа од СВР Скопје.