19-годишната Аријана Сефери од Македонија го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа која се случи вчера попладне на патот Виларота ди Луцара во провинцијата Реџо Емилија. Сефери била со автомобил „Фиат Браво“ заедно со својот татко откако истиот удрил во „Фиат Мултипла“ кој го возел државјанин на Индија на возраст од 53 години. Двата автомобили по сударот излетале од патот.
На самото место пристигнале три амбулантни возила, и сите три лица биле пренесени во болница. Сефери, за жал, им подглегнала на повредите, додека нејзиниот татко и 53-годишниот Индиец се надвор од животна опасност.