Во текот на вчерашниот ден во 14.00 часот во село Долно Лисиче, скопско, А.А.(17) од село Долно Лисиче, управувајќи мопед, изгубил контрола и паднал на коловозот. Притоа, А.А. се здобил со тешки телесни повреди и со друго возило бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.