10-то јубилејно “Невестинско поклонение” на Свети Тeодор Тирон

Традиционално по десетти пат и оваа година се одржа културната манифестација “Невистинско поклонение” на Свети Тeодор Тирон во кривопаланечкото село Конопница. По повод празникот, денес во кабинетот на градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, се одржа прием на гости: Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, градоначалниците на Кратово и Ранковце, Претседателот на Советот на општина Крива Паланка, Изабела Павловска и на Советот на општина Куманово, Атина Мугашанска, како и претставници од Советите на општините Трговиште и Босилиград и претставници од општинската администрација. На овогодинешната јубулејна десетта културна манифестација учествуваа десет невести и свекрви кои го означија “Невистинско поклонение 2019”.

54386818_2091149227606777_5598656132814995456_o

На “Невистинско поклонение 2019” имаше учесник-невеста од Бисилиград и невеста од Пијанечко-Малешевската свадба. Се очекува од година во година оваа бројка драстично да расте и манифестацијата да премине во масовно одбележје со рекорден број на учесници и од останатите краеви. Невестите добија благослов од Бога за среќа, потомство и зајакнување на брачните врски, додека пак, градоначалникот на Крива Паланка, господинот Борјанчо Мицевски им подари букет цвеќе.

53844207_2091148437606856_830052230097797120_o

Оваа година покровител на културната манифестација “Невистинско поклонение 2019” е општината Крива Паланка во соработка со претседателот на “РСР Патник”, Стојанче Величковски, а како подршувачи на истата се: Центар за култура на општина Крива Паланка, локална установа Градски музеј на општина Крива Паланка, Македонска Православна Црква, месна заедница и локалното население.

53857847_2091148020940231_2180136145457774592_o

Во изминатите десет години се смета дека вкупно учествувале приближно околу сто невести учеснички. За разлика од минатата година и годините пред тоа, оваа јубилејна година бележи и зголемен број на учеснички. Ова е доволен показател дека културната манифестација “Невистинско поклонение” на Свети Тодор Тирон преминува во масовна традиција, која е и бележје на градот Крива Паланка, но и белег на село Конопница.

Автор,

Р.А.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e