Пуштена во употреба сушалница за слива нa „Агромакс“ од Берово. Во 10-тонската тунелска сушарница, каде дневно ќе се преработуваат 2,5 тони сушени сливи.
Според Габриела Арсова-Милошевска сопственичка на „Агромакс” ова значи дека почна процесот на сушење на првата македонска брендирана сушена слива. Финалната обработка е со нова современа технологија, според примерот на европските произведувачи на сушено овошје, а дневното производство нa сушилницата е 2,5 тони сушена слива.
Ваквиот преработувачки капацитет значи една голема можност за регионот, да се создаде еден македонски бренд, да се овозможи откуп на голема количина на слива. Оваа современа технологија директно ќе донесе и свежи пари на овоштарите во регионот на Малеш и Пијанец познат по производсво на модрата слива и додавање на вредност. Тоа значи дека повеќе нема да извезуваме суровина како порано и во исто време повеќе нема да продаваме само суровини кои ни се враќаат како готови производи, објасни Арсова –Милошевска.
Инвестиција е вредна 10 милиони денари, а 50 % од средствата се обезбедени преку програмата ИПАРД и Агенцијата за рурален развој.
Капацитетот на „Агромакс” на годишно ниво е преработка на 500 тони свежа слива.