Саем на вардарскиот регион во Јавна Соба

Со почеток од 12:00 па се до 24:00 навечер, во Јавна соба, денеска започна четвртиот регионален саем на мали бизниси од Вардарскиот регион. На овој дводневен саем на кој влезот е слободен, застапени се средни, мали и микро бизниси кои промоцијата на производите ја базираат исклучиво на квалитет.

Вардарскиот регион не e само ризница на добро препознатливи вкусови, туку е имиџот и надворешната проекција за Македонија со која сите се гордееме. Есенски вргањ, сушен и свеж, месо и сувомеснати  деликатеси, кашкавали и сирења со европски признанија за квалитет и секако виното кое се конзумира од Њујорк до Токио.

Како дел од првиот ден на програмата, балерините го изведоа перформансот балет на грозје – газење на грозје во живо, со што ќе го одбележат почетокот на винската сезона за оваа година. Освен ова следуваше и дегустација на нови вина од мали и веќе етаблирани винарии од Тиквешијата. Финалниот подарок за посетителите е предвиден вево 21:00ч. кога започнува концертот на една од најпопуларните македoнски џез бендови, групата „Фирс”.

За време на овој фестивал на вино и деликатеси се претставѕва новата винска рута во Тиквешијата која ќе ја збогати понудата на алтернативниот туризам, и опфаќа посета со велосипед на винариите: Тиквеш, Стоби, Попов, Бовин, Попова Кула и здружението Винотек (мали егзотични винарии).

Влезот во Јавна соба е бесплатен, а задоволството, хуморот, перформансите и деловните средби ќе придонесат за пријатна атмосфера и поудобен престој на сите посетители. Доколку денеска сте пропуштиле, Дознајте сè што не сте знаеле за Вардарскиот регион и утре(Вторник) од 12-24 часот.

Саемот на мали бизниси е во организација на Карана, општините од вардарскиот регион, Јавна соба и е поддржан од страна на УСАИД и Швајцарската развојна програма.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e