Претставници на општина Витина во Кр.Паланка: Увид во активностите на тековниот и подготовка за следниот проект

Денеска во работна посета на Крива Паланка присуствуваше Делегација од Косовската општина Витина, предводена од градоначалникот Сокол Халити. Двете општини Витина и Крива Паланка се партнери во имплементација на проектот за изградба и реконструкција на инфраструктурата во прилог на развој и промоција на туризмот во регионот.

Проектот е финансиран од ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Северна Македонија и Косово.
Делегацијата беше примена од градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, а потоа беше извршен увид на терен. Пешачко-рекеативната патека е изградена во рамки на проектот, на локалитетот стара вода, а истата е во вкупна должина од 860 метри.

60356817_691045938003568_7670978050703491072_n

Градоначалникот на општина Крива Паланка, Мицевски го искажа своето задоволство за досегашната соработка со тековните активности за проектот, но нагласи дека на средбата се водел разговор и за предлог-проектот кој се планира да биде аплициран во рамки на вториот повик ИПА, Косово-Северна Македонија кој воедно ќе трае до 20 Мај.

За таа цел проектните тимови ќе ја доработат проектната апликација, така што се надевам дека досегашната соработка со општина Витина ќе продолжи и во иднина, со цел градење просперитетни локални заедници за општо добро на граѓаните.Овие две држави се веќе позитивни примери како од едно нестабилно подрачје во регионот прераснуваат во земји со стабилна Европска иднина -изјави Мицевски.

60720217_449335562495488_6530109555769081856_n

Ова е моја втора посета на општина Крива Паланка, позитивно сум изненаден од гостопримството и срдечниот прием , но исто така се радувам и на одлично спроведената работа во рамки на проектот. Воедно сакам да им честитам на луѓето од администрацијата и проектните тимови и се надевам дека ќе ја продлабочиме нашата соработка, а во иднина верувам ќе имаме уште успешни проекти-истакна градоначалникот на Витина, Халити.

Проектот е започнат во месец јануари 2018 и ќе трае до јуни годинава. Проектот е во висина од околу триста илјади евра. Со овие средства во Крива Паланка е изградена пешачко-рекреативна патека на висока зона, лев брег на Крива Река, а во Витина се извршени инфраструктурни зафати на пет значајни објекти и знаменитости.

Новиот проект кој ќе биде аплициран со новиот повик за прекугранична соработка, предвидува продолжување на патеката и нејзино надополнување со атрактивни туристички содржини.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e