Микропретпријатијата имаат ограничен пристап до основните банкарски услуги.

Фирмите што имаат до 10 вработени,  иако сочинуваат 90 проценти од претпријатијата во земјава имаат ограничен пристап до основните банкарски услуги – заклучија експертите на регионална конференција посветена на малите бизниси. Клучна улога во поддршка на  развој имаат небанкарските институции, како штедилниците, но и  институциите за микрофинансирање, финансиските задруги, имаат значајна улога во обезбедувањето финансиски услуги. На финансискиот пазар во Македонија денес работат 12 финансиски друштва, кои од почетокот на годината имаат склучено околу 3.000 договори за кредитирање.

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e