„Ќебапот-чаршиски бисер на соживот“ во Старата скопска чаршија

На неколку локации во Старата скопска чаршија денеска се одржува третата манифестација „Ќебапот-чаршиски бисер на соживот“.

Според организаторите, Македонско-бугарската стопанска комора, Стопанската комора на северо-западна Македонија и Здружението „Еснаф“, манифестацијата има за цел промоција на Чаршијата и на културниот и мултиетнички соживот, преку вкусот на ќебапот, како спој на истокот и западот.

На отворањето предвидено е да се обратат министерот за економија, Дритон Кучи, и градоначалникот на општина Чаир, Изет Меџити. Најавено е учество на градоначалници и бизнисмени од Албанија, Бугарија, Косово, Македонија, дипломатскиот кор во Скопје, како и бизнисмени од регионот.

Во рамки на манифестација ќе биде организиран и форум на отворено и дебата за чаршиите како економски, туристички, културолошки центри што го поврзуваат регионот.

Организиран е и уметнички и културен перформанс, сплет од фолклорни и музички ноти, настап на музичкото дуо „Скупи” (Старова-Мехмети), изложба на акдемскиот сликар Решад Амети и креации на стилистот Цури.

Дел од оваа манифестација ќе биде и средбата на градочалници од регионот (Македонија, Косово, Албанија и Бугарија).

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e