Минатиот месец финансискиот директор на Deutsche Bank, Маркус Шенк изјави дека кратењето на работни места во банката можат да надминат двојно од досега планираното.
Како што обави агенцијата Reuters, тоа значи дополнително отпуштање на уште 10 000 вработени.
Иако засега не е донесена ваквата одлука, изјавата на Шенк сигнализира дека Deutsche Bank размислува за дополнителни отпуштања, со оглед на фактот што и се заканува казна тешка повеќе милијарди евра, како и дека е соочена со криза на доверба кај инвеститорите.
Според програмата за реструктуирање на работењето, што минатата година го претстави генералниот директор на банката Џон Крајан, Deutsche Bank планира укинување на 9.000 работни места, што е речиси една петина од вркупната работна сила на овој кредитор во светот.
За поврзани вести продолжете надолу