Бунденсбанк предлага пензија на 69 години

Во последниот месечен извештај, германската централна банка Бундесбанк предложи зголемување на старосната граница за пензионирање на Германците од 65 на 69 години. Според Банката, Пензискиот фонд без соодветни реформи може да се соочи со финансиски проблеми за неколку декади. Анализата покажува дека германскиот пензиски систем во моментов е на здрави темели, но дека постепено треба да се размислува за зголемување на старосната граница, најпрво на 67 години до 2030 година, а по 2050 година на 69. Само на тој начин државата ќе може без проблеми да обезбеди средства за пензии на ниво од 43 отсто од просечниот приход.

Портпаролот на Владата на Германија Стефан Сеиберт истакна дека остануваат на одлуката реформата да вклучува само пензионирање на 67-годишна возраст. „Пензионирањето на 67-годишна возраст е разумна и неопходна мерка со оглед на демографскиот развој во Германија. Затоа имплементацијата на овие мерки ќе се спроведува според договореното, чекор по чекор“, рече Сеиберт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e