Министерот за финансии Кирил Миноски засега не одговори дали е активирана банкарската гаранција за бугарскиот конзорциум, кој не го испочитувал договорот за изградбата на пругата кон Грција, поради што проектот е стопиран а договорот раскинат. Нема одговор ниту за тоа колку изнесува банкарската гаранција што требало да ја депонира конзорциумот.
Од министерството за финансии, велат дека таквите детали не може да ги соопштуваат и се повикуваат наусловите наведени во договорот за градба, склучен согласно ФИДИК стандардите за градба (Меѓународна федерација на советодавни инжинери), но и на правилата за јавни набавки на ЕУ, но додаваат дека се превземаат соодветни мерки.
Спред сознанијата, тужби за бугарскиот конзорциум поднеле и компаниите од земјава, кои бугарските фирми ги ангажирале да работат на терен како подизведувачи, но за тоа не им платиле. Проблемот се комлицира, бидејќи неофицилано се дознава дека една од бугарските компании која ги ангажирала македонските фирми најверојатно има отворено стечајна постапка.
Но, исто така се отвора и прашањето каде затаиле домашните контроли и на фирмата избрана како надзор на овој проект, кој се гледало дека има огромно задоцнување во изведбата, бидејќи иако бил изминат целиот рок во кој пругата треба да биде комлетно завршена, таа сепак се уште е почетна фаза на работите.
Извор: Фактор