Анкета: Компаниите тешко ги наплаќаат побарувањата

Државата доцни во подмирување на обврските кон бизнисот покажува последната анкета спроведена од Стопанската комора на Македонија.

Повеќе од 40 проценти од анкетираните фирми имаат проблем со наплата на долговите, посебно од јавниот сектор покажуваат резултатите.

Освен отежнатата наплата на побарувањата, државата доцни и со поврат на данокот на додадена вредност кај компаниите што бараат месечно рефундирање во износ поголем од два милиони денари. Проблем што влијае врз ликвидноста на фиормите .

За да се подoбри наплатата на побарувањата по судска одлука, од комората бараат измени во законот за извршување со кои ќе им се дозволи на приватните компании да може да ги напалатат своите побарувања од јавниот сектор од парите што се на располагање на сметката на претпријатието, без оглед за која намена се. Анкета е спорведена во Август, а на прашалникот одговориле  800 компании.

Инаку претходно и бизнисмените од дел од останатите комори посочуваа дека е отежната наплатата мегу компаниите но и државата. Тогаш од Министерството за финансии уверуваа дека навремено се подмируваат обврските.

Извор 24 вести

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e