Анѓушев: Јас акционерски друштва немам и немам никаде акции

Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев, најави решение за оданочување на каматите на депозитите и за данокот на капитални добивки.

„Овие две работи треба да се раздвојат и јас сум за првото, значи депозитите и каматите на депозитите да се даночат. Што се однесува за второто, односно капиталните добивки, тоа е нешто што мислам дека треба да се стимулира. Јас апсолутно не сум за одложување на тоа да се воведе тој данок“, рече вицепремиерот, кој дополни дека треба да се пролонгира данокот на капитални добивки, со цел стимулација на берзите.

“Бидејќи нашата берза е млада, треба допрва да се развива и сите држави коишто биле во тој сегмент на развој го направиле тоа за да ги развијат берзите и берзанското работење и да ги охрабрат компаниите коишто се друштва со ограничена одговорност да се трансформираат во акционерски друштва, бидејќи тоа е еден од начините како да дојде свеж капитал во тие компании. Јас акционерски друштва немам и немам никаде акции, така што тоа апсолутно не ме тангира“, рече Анѓушев.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e