Анѓушев: И благодарам на „Баумер“ што ја избраа нашата земја за инвестирање

Заменик претседателот во Владата на Северна Македонија, задолжен за економските ресори Кочо Анѓушев, на отворањето на фабриката на компанијата „Баумер“ денеска посочи дека е една од најдобрите во светот на високата технологија и нејзината фабрика во нашата земја е во согласност со политиките во поддршката на странските инвестиции да се привлечат колку што е можно повеќе вакви компании.

„Баумер“ е меѓународна компанија од високата технологија, посветена на компоненти за мехатронички системи и нивните совршени и прецизни производи се неизоставни делови од автомобилската, авио-индустријата, кај мобилните технологии, во градежништвото и во медицината. Им благодарам што ја избраа нашата земја со што се потврдува дека Законот за финансиска поддршка на инвестиции е атрактивен и дека е привлекува голем интерес во светот. Во таа насока на успешност говорат и бројките дека за само две години 20 компании започнаа да ги градат своите фабрики во ТИРЗ-овите, како и десеттина други надвор од зоните“, нагласи Заменик претседателот во Владата на Северна Македонија, задолжен за економските ресори Кочо Анѓушев.

Ознаки:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e