Ангеловска-Герберих: Трговската размена со Германија пораснала за 18%

На првата официјална средба помеѓу министерката за финансии Нина Ангеловска и амбасадорот на СР Германија Томас Герберих беше посочен растечкиот тренд на трговската соработка, како и континуираната поддршка што оваа пријателска земја и ја дава на Република Северна Македонија, особено во нашата цел да станеме член на Европската Унија.

Германија е најзначaјниот трговски партнер на Република Сeвeрна Македонија. Само во првите седум месеци од годинава земјата во СР Германија извезла стоки во вредност 1,8 милијарди евра, што е покачување за 22% во однос на лани, додека вкупната трговска размена пораснала за 18%.

За 1,3 милијарди евра извезуваме повеќе стоки во Германија отколку што увезуваме, односно нашата земја остварува трговски суфицит.

На средбата помеѓу министерката и амбасадорот беше зборувано и за билатералната соработка со Германија. Во рамки на билатералната соработка, Германија има инвестирано 368 милиони евра во нашата земја преку КфВ развојната банка. Во рамки на оваа соработка реализирани се бројни проекти, а во моментот во имплементација се: втората фаза од Ветерeн парк Богданци, Топлификација Битола, втора фаза на проектот Наводнување на Jужната долина на реката Вардар фаза 2.

Исто така, во рамки на соработката со КфВ развојната банка во тек е подготовката на Проектот за реконструкција на студентските домови во земјава, за што е ангажиран и консултант кој направил структурна и енергетска анализа за реновирање на 9 студентски дома.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e