Заев во Брисел на одделна средба и вечера на премиерско ниво со високата претставничка на ЕУ, Могерини!

Почитувани,

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, мандатар за состав на новата Влада на Р.Македонија e во работна посета на Брисел.

Вечерва е предвидена одделна средба на претседателот на СДСМ и мандатар, Заев, со високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската унија, Федерика Могерини.

Претседателот Заев е поканет и ќе биде присутен на вечерата што ја организира високата претставничка на ЕУ, Могерини во Брисел, со шест премиери на Влади од Балканот меѓу кои е и претседателот на СДСМ Зоран Заев, како мандатар за составување на новата Влада во Македонија.

Тема на состанокот, како што е најавено е состојбите во регионот и заеднички напредок, стои во соопштението од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e