Во Кривичниот суд денеска рочишта за „Труст“ и „Триста“

Во скопскиот Кривичен суд денеска треба да се одржат рочишта за предметите на Специјалното јавно обвинителство „Труст“ и „Триста“.

Во „Труст“ првоосомничен е бизнисменот Сеад Кочан, а обвинети се уште две физички и три правни лица, меѓу кои и управителите на фирмите „Трансмет“, „Силекс“ и „Вато“ ДООЕЛ од Студеничани за учество на тендер на ЕЛЕМ.

На последното рочиште обвинителите на СЈО го изложија обвинението и побараа од судот врз основа на приложените докази обвинетите да бидат прогласени за виновни.

Сеад Кочан, пак, се изјасни за невин за обвиненијата што против него ги изнесе Специјалното јавно обвинителство, а вина пред Судот негираа и второобвинетиот Василије Авировиќ и третообвинетиот Сафет Ватиќ.

Во предметот „Триста“ пак е обвинет поранешниот помошник-министер за внатрешни работи Ѓоко Поповски за злоупотреба на службена должност во врска со јавна набавка на 300 возила. Во овој предмет според одлуката на апелацискиот суд прислушуваните разговори може да се користат како доказен материјал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e